Потпишана Изјава за Регионална соработка На 07.10.2011 година во просториите на Народниот музеј во Љубљана беше одржан првиот Регионален состанок на кој присуствуваа претседателите и преставници на Националните комитети на ИКОМОС на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Австрија, Италија и Македонија, што преставуваше заокружување на повеќегодишното договарање за здружување на регионално ниво. На средбата беше потпишана и Изјава со соработка помеѓу Националните комитети на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Австрија, Италија и Македонија со цел јакнење на улогата и влијанието на ИКОМОС за подобро разбирање на наследството, активна соработка на експертски групи во однос на некои регионални проблеми, размена на информации помеѓу националните научни комитети, прашањето на едукација, можните национални или транс национални номинации за Листата на светско наследство на УНЕСКО, дискусии за проблемите на Националните комитети пооделно и сл. Во вториот дел од работниот состанок, присутните ги поздравија Марјутка Хафнер, Генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО на Словенија, Марјана Печник од Министерството за култура на Словенија и Јелка Пирковиќ, директор на Институтот за заштита на културното наследство. По предавањето на проф.Лип од Австрија, секоја од земјите учеснички имаше можност да го престави своето културно наследство кое се наоѓа на Тентетивната листа на УНЕСКО (Македонија беше преставена со архео-астрономскиот локалитет Кокино кој беше презентиран од претседателот на Комитетот м-р Зоран Павлов). Како заокружување на средбата беше разгледувањето на Љубљана и нејзиното културно наследство.
************************************ ИКОМОС Македонија остварува билатерална соработка со НВО Културно наследство без граници – Шведска, Наследство без граници од Франција и ИНТЕРСОС – Италија. Беше одржано предавање на тема “Селските населби и фармите на територијата на Хелсингленд-Шведска, од Биргита Хоберг, што всушност претставува презентација на нивната номинација како светско културно наследство. Соработката со НВО Културно Наследство без граници од Шведска продолжи преку идентифику-вање на можните модалитети за одредување на состојбата на културното наследство во регионот, што резултираше со организирање на Регионален експертски состанок на тема: “Заштитата на културното наследство преку регионална соработка во едукацијата, преносот на знаењата и технологијата” – би рекол многу значаен сегмент во третманот на културното наследство.