EN | MK

Соопштенија

Одбележување на Меѓународниот ден на споменици и локалитети:

По повод Меѓународниот ден на споменици и локалитети Националниот комитет ИКОМОС Македонија организаира ИКОМОС-Форум на тема „Културното наследство на вода“.
Форумот ќе се одржи на 22.12.2011 година во кино салата на Музејот на Македонија во Скопје со почеток во 12.00 часот.



Галерија: 1

Зачленување во Националниот Комитет ИКОМОС Македонија:

Се известуваат сите заинтересирани дека во тек е зачленувањето во Националниот Комитет ИКОМОС Македонија. Согласно одлуката на меѓународниот ИКОМОС членарината за 2012 година изнесува 1800 денари за активни членови, односно 2400 денари за придружни - индивидуални членови (Одлука потврдена на Собранието на Националниот Комитет од 28.02.2011 година).
Според правилата на меѓународниот ИКОМОС членските карти ќе бидат доставени по уплаќањето на членарината.

Пристапницата можете да ја симнете од веб страницата на Националниот комитет.



17 Генерално собрание на меѓународниот ИКОМОС:

Од 25.11 - 02.12.2011 година во Париз, Франција се одржа 17 Генерално собрание на меѓународниот ИКОМОС. На собранието присуствуваа околу 1200 делегати од 66 национални комитети. Покрај годишните извештаи на собранието беа донесени и 41 резолуција и беа избрани новите тела на Комитетот:

Претседател: Gustavo ARAOZ, USA

Генерален секретар: Kirsti KOVANEN, Finland

Treasurer Gen.: Koleska od Avstralija

Потпретседатели: Kristal BUCKLEY, Australia

Alferdo CONTI, Argentina

Benjamin MOUTON, France

Gideon KOREN, Israel

Guo ZHAN, China

Извршен комитет: Sophia AVGERINOU KOLONIAS, Greece

Stefan BELISHKI, Bulgaria

Dinu BUMBARU, Canada

Francesco CARUSO, Italy

Wilferd LIPP, Austria

Philipe la HAUSSE de la LOUVIERE, Mauritius

Rohit JIGYASU, India

Toshiyuki KONO, Japan

Christoph MACHAT, Germany

Olga ORIVE, Mexico

Hae un RII, Republic of KOREA

Grellan ROURKE,

 

На Собранието присуствуваше и делегација од Националниот комитет на ИКОМОС Македонија во состав: м-р Зоран Павлов, претседател на Комитетот, Бобан Хусеновски – претседател на Собранието на НК ИКОМОС Македонија и д-р Лазар Шуманов – секратар на Комитетот (кандидат за потпретседател на меѓународниот ИКОМОС).



Потпишана Изјава за регионална соработка, 07.10.2011, Љубљана-Словенија:

На 07.10.2011 година во просториите на Народниот музеј во Љубљана беше одржан првиот Регионален состанок на кој присуствуваа претседателите и преставници на Националните комитети на ИКОМОС на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Австрија, Италија и Македонија, што преставуваше заокружување на повеќегодишното договарање за здружување на регионално ниво. На средбата беше потпишана и Изјава со соработка помеѓу Националните комитети на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Австрија, Италија и Македонија со цел јакнење на улогата и влијанието на ИКОМОС за подобро разбирање на наследството, активна соработка на експертски групи во однос на некои регионални проблеми, размена на информации помеѓу националните научни комитети, прашањето на едукација, можните национални или транс национални номинации за Листата на светско наследство на УНЕСКО, дискусии за проблемите на Националните комитети пооделно и сл.
Во вториот дел од работниот состанок, присутните ги поздравија Марјутка Хафнер, Генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО на Словенија, Марјана Печник од Министерството за култура на Словенија и Јелка Пирковиќ, директор на Институтот за заштита на културното наследство. По предавањето на проф.Лип од Австрија, секоја од земјите учеснички имаше можност да го престави своето културно наследство кое се наоѓа на Тентетивната листа на УНЕСКО (Македонија беше преставена со архео-астрономскиот локалитет Кокино кој беше презентиран од претседателот на Комитетот м-р Зоран Павлов).
Како заокружување на средбата беше разгледувањето на Љубљана и нејзиното културно наследство.


Галерија: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17

IN MEMORIAM - Гордана Спасовска Димитриоска 1941-2011:


IN MEMORIAM - Гордана Спасовска Димитриоска 1941-2011

На 14 јули 2011 година почина Гордана Спасовска Димитриоска, археолог и долгогодишен активен член на Националниот комитет на ИКОМОС.

Родена е на 08.11.1941 година во Куманово. Дипломирала во 1966 година на Филозофскиот факултет во Белград на група Археологија. Својот работен век го започнува во 1969 година во Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје и потоа во Музејот на НОВ во Западна Македонија во Кичево каде работи до своето пензионирање како кустос советник во Одделот за заштита на културното наследство.

Гордана Димитриоска обавуваше повеќе значајни функции меѓу кои: Член во Управата на Сојузот на археолошки друштва на Југославија (1984-1988); член на Националниот комитет на ИКОМОС Македонија од 2003 година каде беше избрана за член на Извршниот одбор во два мандата (2008-2011 и 2011-2014) и др.
Од 1969 година до крајот на својот живот, Гордана Димитриоска, како истакнат археолог, се посвети на археолошките истражувања на бројни археолошки локалитети во Македонија. Ќе останат запаметени нејзините активности на археолошкиот локалитет Камник кај Скопје, работата на трпезаријата во Марковиот манастир крај Скопје, Старата скопска чаршија, камениот мост во Скопје, Градиште „Венец“ кај Кичево, некрополата „Кржалица“ кај Кичево, Чука кај Кичево, Џума џамија во Кичево, Кнежинскиот манастир Св.Ѓорѓи кај Кичево и многу други.
За нејзината работа и посветеност на археологијата говорат и бројните библиографски и каталошки единици од кои ги издвојуваме:
 

- Надгробен натпис на М. Valerius Marinus Decurio на колонија Ѕсupi, Историја, год. IX, бр. 2, Скопје 1973, 273-279.

- „Слатина”. Зелениково, неолитска населба АР 16, Веоgrad 1974, 14-17 ѕ1г. (М. Garasanin, G.Spasovska)

- Еден надгробен натпис од територијата на Скопје Историја, год. X, бр. 2, Скопје 1974, 369-370.

- Нови ископувања во Зелениково кај Скопје Macedoniae Acta Archaeologica 2, Прилеп 1976, 85-119. (М. Гарашанин, Г. Спасовска)

- Група доцноримски гробови од Камник – Скопје Macedoniae Acta Archaeologica 5, Прилеп 1979, 131-139.

- Средновековни српски монети од Стара Чаршија – Скопје Macedoniae Acta Archaeologica 6, Скопје 1980, 135-140.

- Прилог кон проучувањето на средновековно Скопје ЗАМ, кн. Х-ХI, Скопје 1983, 147-148.

- Археолошки истражувања на градиштето „Венец” кај с. Миокази, Кичевско Macedoniae Acta Archaeologica 7-8 (1981-82), Скопје 1987, 165-175.

- Кржалица / Карбуница, хеленистичка и касноримска некропола АР (1986), Ljubljana 1987, 81-82.

- Случајни антички наоди во Кичевско Macedoniae Acta Archaeologica 9 (1983-84), Скопје 1988, 133-138.

- Античка некропола кај Карбуница – Кичево, Macedoniae Acta Archaeologica 10 (1985-86), Скопје 1989, 143-151.

- Остатоци од доцноантичка архитектура на градиштето „Венец” во Миокази - Кичевско, Лихнид, кн. 7, Охрид 1989, 43-49.

- Заштитно ископување на римската некропола на ул. „Партизанска” Скопје, Macedoniae Acta Archaeologica 12 (1990-91), Скопје 1991, 221-233.

- Сакралните објекти Св. Ѓорѓи во Кнежино и Џума Џамија во Кичево, Macedoniae Acta Archaeologica 13 (1992), Скопје 1993, 253-263.

- Античка камена пластика КН, 17-18 (1990-91), Скопје 1994, 49-56.

- Гробот на писарот од Стоби Macedoniae Acta Archaeologica 14 (1993-95), Скопје 1996, 123-135.

- Еден доцноантички гроб од Стоби КН, 22-23 (1995-96), Скопје 1997,175-184.

- Вардарски Рид - Гевгелија, истражувања во 1994 година Macedoniae Acta Archaeologica 15 (1996-1997) , Скопје 1999, 157-182. (Бобан Хусеновски, Гордана Спасовска-Димитриоска)

- Археолошки наоди од Кнежинскиот манастир Св.Ѓорѓи - Кичево, Културно Наследство, 2004, Vol: 28-29, 273-276.

- Манастирски комплекс Свети Ѓорѓија - Кнежино,  Macedoniae Acta Archaeologica, Vol: 16, 2005, 307-321.

- Бронзена светилка од Црнилишта, Прилеп, Macedoniae Acta Archaeologica, Vol: 18 - In memoriam Воислав Санев (1938-2007), 2008,  223-227.

Кашалошки единици:

- во: Municipium Stobensium - Западна некропола 1992, Скопје: Музеј на Македонија, РЗЗСК; Велес: Народен музеј, 1994.

- во: Археолошка карта на Република Македонија, Том. 2, Скопје: МАНУ, Музеј на Македонија - Археолошки оддел, 1996.




Галерија: 1 2 3 4 5 6 7

Објавен Конкурсот на Министерство за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2012 година:

Објавен е Конкурсот на Министерство за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2012 година. Сите заинтересирани членови на ИКОМОС Македонија можат да ги достават своите предлози до ИКОМОС Македонија по електронски пат најдоцна до 22.06.2011 година.
Потребните информации може да ги најдете на следната веб страна:
http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/165-konkurs-za-finansirae-proekti-od-nacionalen-interes-vo-kulturata-za-2012-godina

Редовен годишен состанок на Европската група на ИКОМОС:

        Од 01.-05. јуни 2011 година во Будимпешта и Балатонфуред, Унгарија, се одржа редовниот годишен состанок на Европската група на ИКОМОС. На состанокот присуствуваат 24 претседатели на Национални комитети од Европа. 
        На состанокот беа дискутирани повеќе теми меѓу кои:
- Правната регулатива/законодавство за културното наследство во Европа;
- Односите на ИКОМОС со Европската унија и Советот на Европа;
- Вредностите на културното наследство;
- Заедничка европска тентетивна листа за културното наследство;
- Урбан развој и историски урбан пејзаж, како и
- Итни прашања и случаи презентирани од страна на Националните комитети.
        Европската група на ИКОМОС ја истакна и идејата за значењето на Европското наследство. Тоа е средство за зајакнување на јавната свест на европските граѓани дека нивното наследство е важно, треба да биде сочувано и заштитено а со тоа ќе се подобри и разбирањето за подрачјето на дејствување на нашите Комитети.
        Заедничкото европско наследство е значајна компонента за создавање јак европски идентитет.

Галерија: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16

Изменување и дополнување на Статутот на Македонскиот национален комитет за споменици и места - ИКОМОС:

Врз основа на член 18 и 104 од Законот за здруженија и фондации („Сл. Весник на РМ“ бр. 52/2010) Собранието на МНК ИКОМОС на својата седница одржана на 08.04.2011 година донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Македонскиот национален комитет за споменици и места - ИКОМОС.



Промена на името на Комитетот:

Согласно Законот за здруженија и фондации („Сл.Весник на РМ“ бр. 52/10) со изменувањето и дополнувањето на Статутот на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, усвоено на седницата на Собранието на Комитетот одржана на 08.04.2010 година, извршена е промена на називот на Комитетот кој во иднина ќе гласи:

Здружение - Национален комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети - ИКОМОС во Македонија

Скратениот назив на здружението гласи: Национален комитет - ИКОМОС Македонија

 



Годишно изборно собрание на МНК ИКОМОС:

На 28.02.2011 година (понеделник) ќе се одржи Годишното изборно собрание на МНК ИКОМОС. 22 седница на Собранието ќе се одржи во кино салата на Музејот на Македонија со почеток во 11.30 часот. Се повикуваат сите членови да присуствуваат на годишното собрание и да дадат придонес во работата на Комитетот.

Дневен ред
                 1. Верификација на Листата на активни членови во 2011 година
                 2. Утврдување на работниот кворум
                 3.Избор на записничар и оверувачи на записникот

                 4. Усвојување на Записникот бр. 20

                 5. Разгледување и усвојување на Нацрт Извештајот за работа и Нацрт Извештајот за материјално-финанско работење на Комитетот во 2010 година (по предлог на Извршниот и Надзорниот одбор)

                 6. Доделување на благодарници на институции и поединци

Избори (мандат 2011-2014)

                 7. Избор на Комисија за спроведување на изборите

                 8. Презентирање на кандидатската листа и објаснување на изборната постапка (Избирачки одбор)

 

 ИКОМОС ФОРУМ 1/2011

Предавање на тема:

Даут Пашин амам - Скопје
одбрана од влага
Проект и конзервација (2009-2010)

Предавач

д-р Лазар Шуманов


                  9. Објавување на резултатите од изборите


                 Освежување 

Претседател на Собранието на Комитетот
Бобан ХУСЕНОВСКИ с.р.


ИКОМОС Форум:

На 26.03.2010 година со почеток во 11:30 часот во просториите на Музејот на Македонија Македонскиот национален комитет на ИКОМОС организира Форум на тема: „ИСКУСТВО СТЕКНАТО НА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРСЕВИ  ЗА ТРЕТМАНОТ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“. Своите искуства од меѓународните курсеви ќе ги пренесат м-р Владо Муковски, сликар - виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар - Скопје, Горан Патчев, архитект - конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид и м-р Снежана Герасимова Матеска, архитект советник во Управата за заштита на културното наследство.

Прослава на 18 април:

ВАЖНО1 ВАЖНО! По повод 18 април - меѓународен ден на културното наследство МНК ИКОМОС за своите членови на 17 и 18 април 2010 година организира дводневна екскурзија до манастирот Св.Јоаким Осоговски со одржување на форум „Земјоделско наследство“ и посета на Кратово, Лесновски манастир и арх.локалитет Баргала-Штип. За подетални информации и пријавување во просториите на МНК ИКОМОС или тел:02 3215 435 begin_of_the_skype_highlighting              02 3215 435      end_of_the_skype_highlighting; моб: 070 781 671 begin_of_the_skype_highlighting              070 781 671      end_of_the_skype_highlighting. ПРИЈАВУВАЊЕТО Е НАЈДОЦНА ДО 14. АПРИЛ 2010 ГОДИНА. БРОЈОТ НА МЕСТАТА Е ОГРАНИЧЕН!

Галерија: 1

Потпишување на Меморандум за соработка:

На 16.03.2010 година (Вторник) во 11.00 часот во просториите на НУ Музеј на современата уметност во Скопје, Националните комитети на ИКОМ, ИКОМОС и Син штит ќе потпишат Меморандум за соработка на полето на заштитата, истражувањата и презентацијата на природното и културното наследство во Република Македонија. Потпишувањето на Меморандумот преставува можност за истакнување на взаемниот интерес и потреба од квалитетно остварување на основните цели и заложби на секој од Комитетите.



20-та Седница на собранието на МНК ИКОМОС - 2010 година:

20-тата седница од редовното Годишно собрание на МНК ИКОМОС е закажана за 26.02.2010 година во кино салата на Музејот на Македонија. На седницата, покрај другото, ќе бидат разгледани Извештаите за работа и материјално-финансиско работење на МНК ИКОМОС во 2009 година.

Пристапница за зачленување во Македонскиот национален комитет на ИКОМОС:

За почитувачите на културното наследство, за професионалците и љубителите на културното наследство членувањето во Македонскиот Национален Комитет на ИКОМОС е доброволно.

Седница за Извршниот комитет на МНК ИКОМОС:

63 седница на Извршниот комитет на МНК ИКОМОС ќе се одржи на 17.02.2010 година во просториите на Комитетот.

Алманах за членовите на МНК ИКОМОС:

Почитувани колешки и колеги, сегашни и бивши, членови на МНК ИКОМОС,

Ве информираме, дека по повод 15 години од формирањето на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, во подготовка е издавање на Алманах во кој ќе бидат вметнати релевантни информации за сите членови на МНК ИКОМОС, како елемент на меморија и пишан запис за конзерваторскиот еснаф на Македонија, од формирањето (1994) до крајот на 2009 година. Алманахот ќе биде публикуван во текот на 2010 година со средства обезбедени од Министерството за култура на Република Македонија.

Секој од членовите треба да ги достави следните податоци:

·         Фотографија

·         Презиме и име

·         Образование (средно, високо - се мисли на завршено, со диплома)

·         Стручно звање (конзерватор, виш конзерватор, конзерваторсоветник; кустос, виш кустос,; кустос-советник и др.)

·         Научно звање (м-р; д- р)

·         Институција во која работи/работел/а (за време на членството во МНК ИКОМОС)

·         Години во кои колешката/колегата биле членови на МНК ИКОМОС;

·         Минимум 5 најзначајни труда/достигнување на членот во периодот додека бил член на МНК ИКОМОС (наслов на труд/објавен во….:/проект:година /реализиран: година/ останато:);

·         Информации за контакт: адреса на живеалиште, тел/факс/мобилен/е-маил/ во време на доставување на информљциите;

·         Ден на доставување и своерачен потпис на доставувачот: членката/членот;

Сите досегашни членови на МНК ИКОМОС, се замолени, доброволно да ги достави горе бараните информации најдоцна до 15.05.2010 година.

Издавачот, МНК ИКОМОС, ќе ги вклучи во Алманахот, сите информации доставени од ченовите во бараниот рок.

Издавачот на публикацијатаАлманах на МНК ИКОМОС 1994-2009”, (МНК ИКОМОС), факсимилно ќе ги објави информациите доставени, со потпис, од сегашните и бившите членови на МНК ИКОМОС.


м-р Зоран Павлов

Претседател

д-р Лазар Шуманов

Секретар



Новости:

ISCARSAH - International Scientific Committee on the Analysis and Restoration of Structures of Architectural Heritage: New Website
Resolutions of the 16th General Assembly now online


Промоција на веб страната на ИКОМОС Македонија:

На 18.06.2009 година ИКОМОС Македонија, ја промовира својата интернет страница, на која посетителите ќе можат да дознаат повеќе за целите, активностите и настаните кои ги подготвува организацијата.

Галерија: 1 2 3 4

Средба со Трифун Костовски:

На 16.06. 2009 година, се одржа средба Господинот Трифун Костовски, на која се разговараше за продолжување на соработката на полето на заштита на културното наследство.

Галерија: 1 2 3 4 5 6 7
 
Icomos International