EN | MK
ИКОМОС - Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИЦОМОС, е формиран во Варшава, Полска во 1965 година, една година по потпишувањето на Меѓународната повелба за конзервација и реставрација на спомениците и локалитетите, позната како “Венецијанска Повелба” (Venice Charter).

ИКОМОС е асоцијација на професионалците, од 120 земји од светот, кои работат на конзервацијата и заштитата на културното наследство – и е единствена глобална невладина и непрофитабилна меѓународна организација од ваков вид.

Преку мултидисциплинарната размена на искуството на своите членови: архитекти, археолози, историчари на уметноста, инженери, историчари, организацијата ги унапредува стандардите и технологијата за конзервацијата на сите форми на културното наследство:
  • историските градби,
  • историските градови и центри,
  • археолошките локалитети,
  • културните предели и сл.
ИКОМОС е поделен на национални комитети на земјите членки, кои ги спроведуваат заложбите, целите и активностите во рамките на своите земји.

Формирани се повеќе од 20 меѓународни научни комитети на различити теми, проблеми и предмети, релевантни за културното наследство. Тие преземаат истражувања, ја развиваат конзерваторската теорија, изработуваат повелби и упатства и прирачници, и организираат тренинг и едукација за подобар третман и конзервација на културното наследство.

ИКОМОС е советодавно тело на УНЕСКО, кое ги проценува и валоризира номинациите поднесени од земјите членки на УНЕСКО, за впишување во листата на светското културно наследство.

Наследство во опасност е извештај кој редовно се публикува а се однесува на Спомениците и локалитетите во опасност, во светски рамки.

Син штит e невладина организација чиј член е и ИКОМОС, формирана да информира и координира за да се заштити наследството во услови на опасност од вооружени судири и природни катастрофи.

Организации кои го формираат се:
  • Меѓународниот Совет за Архивите (ICA);
  • Меѓународниот Совет за Музеите (ICOM);
  • Меѓународната Федерација на Библиотечни асоцијации и институции (IFLA).
 
Icomos International