Mакедонскиот Национален Комитет за Споменици и Места (локалитети) – МНК ИКОМОС е основан на 24 февруари 1994 година, по иницијатива на 43 конзерватори од Македонија, како “Конзерваторски Еснаф на Македонија”. ИКОМОС Македонија е огранок на Меѓународниот Совет за Споменици и Места, со седиште во Париз.
Во комитетов активно членуваат и делуваат повеќе од 107 членови распределени во 15 поткомитети, кои се организирани во работни тела за да организираат низа настани и активности, да остваруваат соработки и да објавуваат публикации, со единствена цел да се зачува и заштити македонското културно наследство.
Цели на МНК ИКОМОС
- подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство во македонија, како значајна превентивна активност;
- зголемен процент на реализација на ИКОМОС форум, како елемент на перманентна и системска едукација и специјализација на конзерваторскиот кадар во република Македонија;
- користење на експертски совети во доменот на третманот на културното наследство на Р. Македонија, како сервис на локалната самоуправа и елемент на децентрализацијата на културата во Р.М;
- ефектуирање на мониторинг мисијата за состојбата на културното наследство, како елемент на превентива, односно идна приоритетна активност во доменот на заштита на културно наследство.
МНК ИКОМОС (2011-2014)
· Претседател на КОМИТЕТОТ: М-р Зоран ПАВЛОВ, Скопје
· Поптпретседател на КОМИТЕТОТ: Илче БОЈЧЕВСКИ, Скопје
· Претседател на Собранието на КОМИТЕТОТ: Бобан ХУСЕНОВСКИ, Гевгелија
· Потпретседател на Собранието на КОМИТЕТОТ: Гордана ФИЛИПОВСКА ЛАЗАРОВСКА, Битола
Членови на Извршниот одбор на КОМИТЕТОТ:
· Билјана ПАЧКОВА КУФОЈАНАКИС, Скопје
· Весна КОЧАНКОВСКА, Битола
· Љуљета АБАЗИ, Тетово
· Стефан ДАНЕВ, Св. Николе
· Ирена КОЛИШТРКОСКА НАСТЕВА, Скопје
· Кира ПЕТКОВСКА, Штип
· Гордана ДИМИТРИОСКА, Скопје
· Гордан НИКОЛОВ, Скопје
· Јагода МИЦАЈКОВА, Скопје
· Владимир МУКОВСКИ, Скопје
· Никола УПЕВЧЕ, Охрид
Членови на Надзорен одбор на КОМИТЕТОТ:
· Ванчо ИВАНОВСКИ, Скопје
· Силвана БЛАЖЕВСКА, Скопје-Градско
· Јасминка ЗИСОВСКА, Скопје
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за архитектонско наследство:
· Константин АНАСТАСОВ, Битола
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за археолошко наследство:
· Д-р Звонимир НИКОЛОВСКИ, Куманово
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за материјали, техники, технологија, превентива и анализи
· Д-р Вероника ШЕНДОВА, Скопје
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за правна заштита, организација, усовршување и оддржлив развој
· Јордан ТРЦА, Охрид
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за Охридското кутурно наследство:
· Паско КУЗМАН, Охрид-Скопје
Претседател на ПОТКОМИТЕТ за дигитализација на културното наследство:
· Горан ПАТЧЕВ, Охрид